Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои сребрениот медал на Европското првенство во карате што се одржува во Коџаели, Турција. Тој денес во финалето загуби од домашниот натпреварувач и досегашен европски шампион Акташ Угур по судиското гласање, откако борбата заврши 0:0.
Претходно на ЕП, Јована Георгиева на Македонија и го донесе бронзениот медал во категоријата до 55 килограми. Македонската каратистка во клучниот меч за бронзата беше подобра од Емили Туј (Франција). Мечот заврши 1:1, но Горгиева прва освои поен и затоа стигна до медалот.
Попладнево за бронзен медал ќе се бори и Сара Радичевска во категоријата до 50 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.