| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ гради нов парк во Капиштец

Капиштец добива нов парк. Кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „За подобра Македонија“, Владимир Тодоровиќ по средбата со граѓаните реши во оваа скопска населба наместо паркинг да изгради уште еден парк..

-Од средбите со граѓаните на населбата Капиштец добивме информација дека тие повеќе сакаат парк отколку паркинг кој веќе беше започнат да се гради, рече Тодоровиќ и додаде дека во консултација со градоначалникот на град Скопје се договориле овој паркинг да го пренаменат во парк.

Новиот парк ќе се гради покрај булеварот Св. Кирил и Методиј на вкупна површина од 2.000 метри квадратни.

-Паркот ќе биде опкружен со дрворед од израснати јавори, тревници со алпинетуми од декоративни зимзелени садници и цветни топки од разновиден сезонски цветен расад, како вистински украс за граѓаните, посочи Тодоровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top