Играчите на Лестер со многу мака и во фото-финиш обезбедија опстанок во ланското издание на Премиерлигата, а стартот на новата се зона ја почнаа одлично со победа од 4-2.
И тоа го сторија без најдобриот стрелец од лани, Аргентинецот Улоа, кој беше резерва денеска во победата од 4-2 против Сандерленд. Мечот беше решен по само 25 минути игра кога веќе беше 3-0 за Лестер. Махрез на двапати и еднаш Варди беа прецизни. Олбрајтон постигна уште еден гол за Лестер, а за гостите стрелци беа Флечер и Дефо.
Резултати: Манчестер јунајтед – Тотенхем 1-0, Лестер – Сандерленд 4-2, Норич – Кристал Палас 1-3, Бурнмаут – Астон Вила 0-1, Евертон – Вотфорд 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



