| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски вети дека стариот Луна парк конечно ќе заживее

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски вети дека стариот и неатрактивен скопски Луна парк, повторно ќе заживее.

-Во мојата изборна програма ставено е изградба на Луна парк и јас сум сигурен дека сега после толку анимирање и наоѓање на компании кои се заинтересирани да инвестираат, ќе има нов Луна парк во Скопје во наредниот период, истакна Трајановски.

Постапката за изградба на нов Луна парк беше почната во 2009 година. Врз основа на студијата  изготвена од шпанската компанија „Идом“ Градот објави два тендери, од кои на првиот не се пријави ниту една компанија, додека на вториот се пријави италијанска компанија која не ги исполни условите во целост, но сеуште е заинтересирана.

Студијата е со јавно-приватно партнерство, а Луна паркот ќе биде даден на менаџирање во рок од 30 години.

-Инвестицијата за Луна паркот е 8 милиони евра, а во него треба да има 4 адреналински реквизити, останатите ќе бидат од различен тип кои ќе бидат наменети за деца, тинејџери и возарсни. За сите возрасти на луѓе ќе има забава во Луна паркот, додаде Трајановски.

Со новиот ГУП ќе се даде можност, Луна паркот од досегашните 26 илјади да се прошири на 40 илјади метри квадратни.

-Многу е важно тоа што сакаме да најдеме приватен партнер кој веќе менаџирал со Луна паркови и кој постојано ќе инвестира во атрактивноста на овој Луна парк и конечно граѓаните на градот Скопје и пошироко да доаѓаат во Луна паркот, додаде кандидатот за прв човек на Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top