| четврток, 6 декември 2018 |

Сестра на една од затворените муслиманки: Немојте да го погубите Хрватот!

Сестра на една од жените што Исламска држава бара да се ослободат во замена за хрватскиот заложник Томислав Салопек, Доа ел-Тавил, рече дека нејзината сестра е невина, но дека нејзиното ослободување „не треба да биде на штета на друг невин човек“, пишува Индекс.хр.

 muslim

Фотографката и активистка Азра ел-Тавил исчезна во јуни, неколку недели пред Министерството за внатрешни работи да соопшти дека е уапсена под обвинение дека му припаѓа на Муслиманското братство, кое е прогласено за терористичка организација.

 Таа, исто така, е обвинета и дека ширела лажни информации за оцрнување на земјата. Во моментов се чека судењето.

Екстремистите што го киднапираа Салопек дадоа рок од 48 часа за да се ослободат „муслиманските жени“, но откако египетската влада прифати да ги разгледа нивните услови, го продолжија рокот за уште 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top