Џихадистите се закануваат дека ќе го убијат Томислав Салопек, кој го киднапирале на 22 јули, доколку египетските власти не ги исполнат нивните барања, но се согласиле да го продолжат рокот.
Судбината на заробениот Хрват Томислав Салопек, кого џихадистите го киднапирале уште на 22 јули, а пред два дена се заканија дека ќе го убијат, и понатаму е неизвесна.
Меѓутоа, иако џихадистите најавија дека ќе го погубат денес во 17:35 часот, поради преговорите одлучиле да го продолжат рокот за уште два дена, пишува сајтот Jутарњи.хр. Со самото тоа, сите се надеваат дека наскоро Салопек ќе може да му се врати на своето семејство.
Хрватските медиуми пренесуваат дека ретко кој сакал да зборува во престолнината на Египет за Томислав Салопек. Исто така, ниту од француската компанија во која е вработен 30-годишниот Хрват не сакале да зборуваат за драматичната ситуација.
Хрватските медиуми пренесуваат дека ретко кој сакал да зборува во престолнината на Египет за Томислав Салопек. Исто така, ниту од француската компанија во која е вработен 30-годишниот Хрват не сакале да зборуваат за драматичната ситуација.
Египетските медиуми објавиле дека нивната влада најверојатно нема да попушти пред барањата на киднаперите на Салопек, но дека е подготвена да плати откуп за него.
Како што се наведува, во меѓувреме, четири египетски тајни служби работат на решавање на случајот за киднапираниот инженер, а според одредени, неофицијални информации, Салопек бил лоциран во пустина на границата од Египет со Либија. Како што неофицијално дознал „Jутарњи лист”, лоцирана била IP адресата од која било поставено обраќањето на Томислав Салопек кон јавноста. Компјутерот на ИСИС во моментот на испраќање на снимката се наоѓал во Либија.
Неименуван извор од египетската полиција изјавил: „Не знаеме ништо за приведените во египетските затвори кои ги споменува Исламската држава. Ги зголемуваме напорите за да ги најдеме сторителите и да ја спасиме жртвата“, рекол изворот.Хрватската влада и Министерството за надворешни и европски работи и понатаму прават се` за да му помогнат на својот државјанин, а неговото семејство им апелираше на киднаперите да го ослободат. Во Каиро се наоѓа шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, заедно со сопругата на Салопек, Наташа.
За потсетување, Томислав Салопек во Каиро работел за француската компанија CCG како менаџер, а на 22 јули екстремистите го пресретнале кога одел на работа, го ставиле во автомобил и го одвеле во непознат правец. Пред два дена се појави снимка во која тој клекнат на колена, додека покрај него стои маскиран џихадист, изјавува дека ќе го убијат за 48 часа доколку не се исполнат нивните барања. Исламистите во замена на неговиот живот барале да се ослободи група на муслиманки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.