| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ ја осудува одлуката на ДИК за Чаир

Демократската унија за интеграција изрази жалење за одлуката на Државната изборна комисија за проверка и верификација на изборниот материјал за општина Чаир.

– ДУИ ја осудува политичката одлука на ДИК. Оваа одлука ги спои старите стратешки сојузи кои секогаш се случуваат кога Албанците се оштетени. Минатата ноќ, сите бевме сведоци на непринципиелна соработка заради политички интереси, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, додавајќи дека оваа одлука е обид да се оцрни Чаир и да неметне политичка тежина.

Според него, одлуката на ДИК не им помага ниту на ДПА ниту на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа било непринципиелен „шопинг“ за да се релативизира победата ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top