| четврток, 6 декември 2018 |

ИД киднапира десетици христијански семејства по преземањето на сириски град

ид

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) киднапира десетици христијански семејства, откако вчера презеде стратегиски град во сириската провинција Хомс, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

При преземањето на градот Каратеин исламистите киднапирале најмалку 230 лица, вклучувајќи и десетици христијани, меѓу кои голем број жени и деца. Христијаните биле киднапирани од црква во градот.

Каратеин се наоѓа во близина на патот, кој го поврзува античкиот град Палмира со планината Каламун, непосредно до сириско-либанската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top