Динамо Загреб и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаа одлична ждрепка и ќе играат со Скендербег во последната квалификациска рунда за влез во Лигата на шампионите. Скендербег приреди историски успех со самиот пласман во четвртото квалификациско коло, па јасно е дека Динамо ќе ја има фаворитската улога во овој двомеч, без оглед на променливата форма на стартот од оваа сезона.
АПОЕЛ, кој во втората квалификациска рунда го елиминираше Вардар, исто така е близу до ЛШ откако за ривал ја доби Астана, а ждребот му беше наклонет и на белградски Партизан, кој го доби најслабиот од петте носители во ждребот, составот на БАТЕ Борисов.
Во рутата на шампионите дерби ќе биде дуелот меѓу Валенсија и Монако, а Манчестер јунајтед ќе игра со Бриж.
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ ЗА ЛШ
Рута на шампиони:
Астана – АПОЕЛ
Скендербег – Динамо З.
Селтик – Малме
Базел – Макаби Т.А
БАТЕ Борисов – Партизан
Лига рута:
Лацио – Баер Леверкузен
Манчестер ј. – Бриж
Спортинг Л. – ЦСКА М.
Рапид В. – Шахтар
Валенсија – Монако
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.