| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер ја пријавил сопругата за киднапирана, па се шокирал кога ја видел на „Инстаграм“

Италијанскиот милијардер, кој мислел дека нешто лошо ѝ се случило на неговата сопруга, останал непријатно изненаден кога ја видел на „Инстаграм“.

Џанлука Червараго пријавил исчезнувањето на поранешната мис на Украина Ана Зајачиваска (24), па преку еден интернет-портал, кој ги објавил нејзините фотографии, открил дека се наоѓа во Њујорк и дека побегнала од него.


Убавицата предизвикала вистинска полициска потрага кога исчезнала, само еден ден откако на својот профил на „Фејсбук“ објавила дека едвај чека да стане дел до семејството на Џанлука, човекот што бил нејзино момче, а сега е противник на суд.

Двојката веќе била венчана во општина, но планирале и црковена церемонија за своите најблиски.

Украинската убавица во јули побегнала во САД, откако на Џанлука му рекла дека ќе излезе малку на воздух да се прошета. Бидејќи подолго време ја немало, Џанлука повикал полиција и почнала потрагата.

Меѓутоа, потрагата по убавата Ана прекинала кога на еден портал испливала нејзината фотографија со друг човек во САД. Џанлука веднаш ја тужел својата сопруга гледајќи ги овие фотографии и против неа е почната постапка поради кршење на предбрачниот договор.

#zaia #relax#time #moments #america #home #sweethome #love #life #happy #pice #selfie #me

A photo posted by Anna Zaiachkivska (@anna_zaiachkivska2015) on

Ана тврди дека нејзиниот сопруг ја малтретирал и дека морала да побегне.

– Еднаш ме удри вож лице и тогаш побегнав кај своите родители во Украина. Не им реков зошто сум дојдена. Џналука набрзо дојде по мене барајќи да му дадам втора шанса. Во текот на една расправија пак ме удри и јас тоа веќе не можев да го поднесам – рекла Ана.

Убавицата вели дека со него била како во златен кафез, имала сѐ, а сѐ ѝ било забрането и затоа решила да побегне.

Џналука тврди дека кога побегнала украла мобилен телефон и 6.000 евра од неговиот сеф.

– Изгледа среќно на фотографиите од Америка. Не ми личи како да е малтретирана и тажна. Дури е во друштво и на друг маж. Таа е лажлива убавица и не е личност каква што мене ми се претстави – истакнува Џанлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top