| четврток, 6 декември 2018 |

Тројна битка во СДСМ: старата гарда против безгласните клонови и Соросовите чеда

Нај­топ­ло­то ле­то во Ма­ке­до­ни­ја во из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни нај­те­шко го под­не­су­ва СДСМ. На пар­ти­ска­та хро­нич­на бо­лест, на­ре­че­на из­бо­ро­фо­би­ја, очиг­лед­но, не ѝ го­ди топ­лот­ни­от бран. Тој, пак, на ви­де­ли­на ги из­ва­ди си­те сла­бо­сти, кои по­сто­ја­но се мул­тип­ли­ци­ра­ат. Та­ква е и би­тка­та во са­ма­та пар­ти­ја. Бор­ба­та за кан­ди­дат за пра­те­ник на до­бит­но ме­сто се во­ди на три фрон­та

Же­шти­ни­те беа при­ро­ден ка­пак на по­ра­зи­тел­на­та вест за оде­ње на из­бо­ри за са­мо осум ме­се­ци. За­луд­ни беа оби­ди­те за из­вр­ту­ва­ње и за пре­зен­ти­ра­ње по­бе­да од де­бак­лот во Пр­жи­но, при­дру­же­ни со лаж­на еу­фо­ри­ја и фан­фа­ри со звук на пос­мр­тен марш. На ге­нет­ски нас­лед­на­та без­и­деј­ност и не­до­стиг од про­гра­ма, лет­ни­те од­мо­ри и комп­лет­но­то гу­бе­ње ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те за по­ли­ти­ка во овој топ­ло­тен ха­ос се на­до­вр­за уште еден се­ри­о­зен проб­лем. Се ви­ка од­маз­да на ста­ри­те пар­ти­ски вол­ци, кои има­ат куп ар­гу­мен­ти за да го по­ба­ра­ат од ин­вен­тар-пра­те­ни­ци­те од­зе­ме­но­то ме­сто под со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то сон­це, а, спо­ред тоа, и ме­сто­то на кан­ди­дат­ски­те ли­сти за из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на. Но проб­ле­мот не е са­мо во За­е­ви­те пра­те­ни­ци. Би­тка­та ја ус­лож­ну­ва дол­гот кон Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми и „екс­пер­ти“, ју­риш­ни­ци­те на Кан­вас, кои го ба­ра­ат сво­јот дел од сдсмов­ски­от ко­лач, за­ра­бо­тен со под­др­шка­та. Из­вес­но­ста на но­ви­от по­раз на­ла­га мал број до­бит­ни ме­ста. Во мо­мен­тов, обрат­но­про­пор­ци­о­нал­но, за се­кое од мал­ку­те ме­ста се би­јат ду­зи­на кан­ди­да­ти од три­те за­во­ју­ва­ни стра­ни.

 

Лет­на офан­зи­ва на ста­ри­те вол­ци

Вре­ме­то ми­ну­ва и отво­ра те­шка пар­ти­ска ди­ле­ма: кој да се нај­де на кан­ди­дат­ски­те ли­сти за из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на? На СДСМ не му е лес­но. Нас­про­ти би­тка­та со ВМРО-ДПМНЕ, за­гу­бе­на уште отсе­га по­ра­ди не­пре­нос­ли­ви­от јаз од 12 про­цен­ти раз­ли­ка, пар­ти­ја­та се со­о­чу­ва и со вна­тре­пар­ти­ска би­тка на три кон­цеп­ти и, уште по­важ­но – ви­стин­ска вој­на ме­ѓу акту­ел­ни­те, безг­лас­ни и без­и­ме­ни пра­те­ни­ци, ста­ра­та гар­да и Со­ро­со­ви­те ин­ста­ла­ции. Ток­му таа ста­ра гар­да има сил­ни ар­гу­мен­ти на сво­ја стра­на. Им да­доа по­ве­ќе од ед­на го­ди­на на но­ва­ци­те, ме­ѓу нив и вр­ху­шка­та, да по­ка­жат ре­зул­та­ти, ги оста­ви­ја да ги „пу­ка­а­ат бом­би­те“, да про­те­сти­ра­ат и упо­тре­бу­ва­ат це­ла ни­за не­кон­вен­ци­о­нал­ни средс­тва, до­се­га не­поз­на­ти во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка, а оде­кот кај гла­са­чи­те е ка­та­стро­фа­лен. Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, кои го вло­жи­ја сво­јот жи­вот во пар­ти­ја­та и за неа, по де­це­нии да­де­ни за СДСМ, се­га не­ма да по­ми­нат пре­ку но­во­то, мож­но иг­но­ри­ра­ње на ра­ко­водс­тво­то, ве­лат из­во­ри од пар­ти­ја­та. Сле­ду­ва же­сто­ка би­тка од но­си­те­ли­те на ими­џот на пар­ти­ја­та, на тоа што „бом­ба­ши­те“ и нив­ни­те безг­лас­ни сен­ки не ус­пе­а­ја да го уни­штат. Во­да­та им ја ма­тат и Со­ро­со­ви­те ју­риш­ни­ци. До след­ни­те из­бо­ри, овие ста­ри вол­ци ќе по­ми­нат ре­чи­си две го­ди­ни во иле­га­ла. На­со­бра­ни­от бес, пак, во овој пер­и­од, кој во пар­ти­ја­та ќе се па­ме­ти ка­ко „вре­ме на не­ус­пеш­ни­те бом­ба­ши и но­ва­ци“, ќе би­де сил­но исту­рен до­кол­ку вр­ху­шка­та по­втор­но за­бо­ра­ви на нив. Ре­цеп­тот од из­бо­ри­те со без­и­ме­ни­те пос­луш­ни­ци во 20014 го­ди­на се по­ка­жа ка­ко де­бакл, но не­го­ва­та при­ме­на се по­ка­жа ка­ко ус­пеш­на за ра­ко­водс­тво­то – кај ста­ра­та, искус­на гар­да овој филм на исту­рен ли­дер­ски дво­ец и со­се­ма изо­ли­ра­ни ква­зи­пар­ла­мен­тар­ци во сен­ка, кој трае 15 ме­се­ци, не­ма­ше да по­ми­не тол­ку лес­но. Се­пак, аван­ту­ра­та при­до­не­се за ре­зул­тат 61:34 во пра­те­нич­ки ме­ста и за ми­нус од 200.000 гла­со­ви. Број­ки­те се сил­на опо­ме­на за април 2016 го­ди­на. На по­тег е вр­ху­шка­та, но и сил­на­та, ста­ра кон­сте­ла­ци­ја на СДСМ. Овој пат, ста­ри­те вол­ци ќе ги по­ка­жат сво­и­те за­би и не­ма лес­но да доз­во­лат но­ва че­ти­ри­го­диш­на ап­сти­нен­ци­ја од по­ли­ти­ка­та и од пра­те­нич­ки­те при­до­би­вки. Вло­гот е пре­го­лем за нив, а ар­гу­мен­ти­те про­тив по­вто­ру­ва­ње на ми­на­то­го­диш­на­та аван­ту­ра се пре­сил­ни. Нај­го­лем проб­лем ќе им би­дат За­ев и Ше­ке­рин­ска.

analiza152-2

Ин­вен­тар-пра­те­ни­ци­те ја оди­граа сво­ја­та уло­га и че­ка­ат на­гра­да за „сра­бо­те­но­то“

Ако до­се­га ја имаа нај­лес­на­та ра­бо­та на све­тот, се­ка­ко, и ед­на од најп­ла­те­ни­те во од­нос на актив­но­сти­те, за што го до­би­ја и пре­ка­рот „хи­рур­зи“, на акту­ел­ни­те 31 опо­зи­ци­ски пра­те­ник им сле­ду­ва же­жок пер­и­од. На­стра­на што не им се по­го­ди вре­ме­то, се­га ќе мо­ра­ат да се бо­рат и со на­ви­ка­та на­ре­че­на мрз­ли­вост, ко­ја до­а­ѓа при­род­но со 15 ме­се­ци здо­дев­ност и не­ра­бо­те­ње. Не е лес­но ко­га сѐ на сѐ ќе одра­бо­ти­те мал­ку по­ве­ќе од 30 ча­са ка­ко ин­вен­тар зад ли­де­рот во вре­ме на не­го­ви­те јав­ни де­то­на­ции на 38 пе­тар­до­ид­ни бом­би. Од нив­на глед­на точ­ка, пак, пар­ти­ја­та им е долж­на. И тоа мно­гу.
analiza152-3А ако не пар­ти­ја­та, то­гаш, ба­рем, акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво. Си­те тие, од ас­пект на вр­ху­шка­та, од­лич­но ја оди­граа уло­га­та на екс­пе­ри­мен­тал­ни глув­ци, кои без ни­ка­ков проб­лем и по­го­вор за­ста­наа зад си­те од­лу­ки. Сѐ поч­на со не­бу­лоз­но­то не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, кое, се­пак, се по­ка­жа ка­ко ин­тро на ве­ќе на­пи­ша­но­то сце­на­рио за стру­мич­ки­от Бо­шко Бу­ха. Неј­се што нив­на­та уло­га се све­де на кла­си­чен ин­вен­тар при не­го­во­то да­ва­ње кон­текст на не­за­кон­ски сни­ме­ни­те раз­го­во­ри, неј­се што ис­пад­на де­ка опо­зи­ци­ја­та ја прис­лу­шу­ва­ла вла­ста, а не обрат­но, тие од­лич­но си ја за­вр­ши­ја ра­бо­та­та. Безг­лас­но или не, но 31 „хи­рург“ или ре­кви­зит-пра­те­ник си за­ра­бо­ти­ја по 15.000 евра, со уште 25 на по­ви­док (со апа­на­жа­та), а на­деж­та, ко­ја уми­ра пос­лед­на, исто ка­ко и жел­ба­та за власт, е во но­ва кан­ди­да­ту­ра во април 2016 го­ди­на.

 

analiza152-4

Ќе би­де­ме ли све­до­ци на нов опо­зи­ци­ски цир­кус во Со­бра­ние?

Се­пак, за да оди­гра­ат на по­си­гур­но, овие пра­те­ни­ци ќе мо­ра­ат и мал­ку да по­ра­бо­тат. Ко­неч­но, поч­ну­ва­ат од 1 сеп­тем­ври, ко­га и опо­зи­ци­ја­та се вра­ќа во Со­бра­ние. На­ја­ви­те се де­ка по лет­ни­от топ­ло­тен пе­кол, ќе сле­ду­ва и опо­зи­ци­ски цир­кус во за­ко­но­дав­ни­от дом. Не са­мо што тоа ќе би­де дел од пар­ти­ски­те ди­ре­кти­ви, кои ќе им на­ло­жат, по­втор­но без по­го­вор, да пра­ват по­ли­тич­ки клов­но­ви од се­бе, при­ти­со­кот е и од по­тре­ба­та за до­ка­жу­ва­ње и за по­втор­но ста­ва­ње на ли­сти­те. По глу­ме­ње­то „бил­ки“ и по 15-ме­сеч­но­то ве­ге­ти­ра­ње, из­бра­ни­те од За­ев ќе да­дат сѐ од се­бе за да ја про­дол­жат ка­ри­е­ра­та во ин­сти­ту­ци­ја­та што свес­но ја од­бег­ну­ваа и бој­ко­ти­раа. Ток­му за­тоа, прог­но­зи­те се де­ка од сеп­тем­ври нѐ оче­ку­ва ви­стин­ско пра­те­нич­ко шоу, во кое но­вов­ле­зе­ни­те на­род­ни из­бра­ни­ци ќе го за­се­нат и нив­ни­от оми­лен Са­ше По­ли­ти­ко. Ис­про­ба­ни­от ре­цепт за се­бе­про­мо­ци­ја, кол­ку и да е не­га­ти­вен и не­до­ве­тен, ќе би­де еден од на­чи­ни­те за овие ано­ним­ци да ѝ се на­мет­нат на со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та пуб­ли­ка и, се­ка­ко, да ѝ алар­ми­ра­ат на пар­ти­ја­та де­ка, освен бе­ско­неч­на­та пос­луш­ност, има­ат и дру­га доб­лест во се­бе. Не­ка­ква…

 

Ста­ра­та гар­да во би­тка и со со­ро­со­и­ди­те

Вра­ќа­ње­то на сце­на на ста­ра­та гар­да во СДСМ го ус­лож­ни дол­гот на вр­ху­шка­та и кон со­ро­со­ид­ни­те ју­риш­ни­ци, кои во кан­ди­да­ту­ра­та за пра­те­ник на до­бит­но ме­сто гле­да­ат со­од­вет­на нап­ла­та на до­се­гаш­ни­от „ан­гаж­ман“.

На­ја­ви­те се де­ка ток­му овие „деј­ци“ ќе би­дат и нај­се­ри­оз­ни кан­ди­да­ти за МВР, ка­ко и за дру­ги­те не­кол­ку ми­ни­стерс­тва. Се ток­мат и за ДИК, по­ка­жу­ва­ат жел­би и за Аген­ци­ја­та за ме­ди­у­ми и за МРТВ, па зо­што да не ја за­вр­шат бор­ба­та за сло­бо­да со пра­те­нич­ки ман­дат? Ос­нов­ни­от мо­тив и пот­тик на овие кон­сте­ла­ции и та­ка бе­ше сло­бод­но нап­ла­ту­ва­ње на вло­же­ни­от труд во опо­зи­ци­ска­та ква­зи­ре­во­лу­ци­ја и вра­ќа­ње на ста­ри­те до­бри исп­лат­ли­ви вре­ми­ња. По же­шко­то ле­то, ќе сле­ду­ва те­шка есен и зи­ма за СДСМ, осо­бе­но на ова по­ле. Па­ра­лел­но со вна­треш­ни­те би­тки ќе тре­ба, ко­неч­но, да на­пра­ват и про­гра­ма, а исто­вре­ме­но да ѝ па­ри­ра­ат на ВМРО-ДПМНЕ. А За­ев, мо­же­би е „црп­нат“ спа­си­тел, но не е и чу­до­тво­рец.

analiza152-5

„Гре­бе­ње­то“ кај За­ев ве­ќе поч­на

„Не­ка поч­нат игри­те!“ се из­ви­ка на „Па­вел Ша­тев“ и поч­наа спон­та­ни­те ре­ак­ции. Свес­ни за го­ле­ма­та, ако не и пре­суд­на уло­га на ли­де­рот во опре­де­лу­ва­ње­то на до­бит­ни­те ме­ста, дел од со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ве­ќе поч­наа со јав­но­то „гре­бе­ње“ кај ли­де­рот. Ду­ри и не­кои од ста­ри­те вол­ци, не са­кај­ќи да ја ис­пу­штат шан­са­та и умор­ни од 15-ме­сеч­на­та не­а­ктив­ност, же­сто­ко ста­наа во од­бра­на на ли­де­ро­ва­та ќер­ка за фо­то­гра­фи­те на „Фејс­бук“. Мо­же­би, тоа и не би би­ло тол­ку чуд­но до­кол­ку прет­ход­но не беа, бу­квал­но, на нож. Исто­вре­ме­но, во­соч­ни­от сто­чар, нај­ве­ро­јат­но пот­тик­нат од епот на Ор­да­нов­ски, на­пи­ша гро­мог­ла­сен еп за си­ла­та и за хра­бро­ста на За­ев. Очиг­лед­но, по не­ус­пеш­ни­от пре­тсе­да­тел­ски ман­дат, би се за­до­во­лил и со пра­те­нич­ки. Но по­втор­но ка­ко не­пар­ти­ски чо­век, не­ли?! Ште­та што Фрч­ко­ски и Мил­чин се ко­до­ши, па не ќе мо­жат да се кан­ди­ди­ра­ат. Или тие и та­ка не приз­на­ва­ат ин­сти­ту­ции, па ќе из­не­на­дат?

 

analiza152-6

Пре­суд­на ќе би­де ид­ни­на­та на вр­ху­шка­та?

Нај­го­ле­ми­от влог, се­пак, е кај ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та. И по­крај тоа што ли­де­рот се спа­си од суд­ски­те ин­сти­ту­ции со па­за­ре­ње и со по­пу­шта­ње око­лу до­го­во­рот, кој ни­ка­ко не мо­же да му го об­јас­ни по­зи­тив­но на членс­тво­то, па се­га ши­ри ла­жен три­ум­фа­ли­зам вид­лив од ави­он, мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка ток­му дол­гот на дво­е­цот ќе ја ре­ши ди­ле­ма­та око­лу до­бит­ни­те ме­ста. Очиг­лед­но, оваа ком­би­на­ци­ја на се­ри­оз­ни по­ба­ру­ва­ња од пос­луш­ни­те акту­ел­ни пра­те­ни­ци и зас­луж­ни­те Со­ро­со­ви че­да ќе ги ста­ви во те­шка си­ту­а­ци­ја ста­ри­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти. При­чи­на­та е во фа­ктот што нај­го­ле­ми­от проб­лем за вр­ху­шка­та ќе дој­де по из­бо­ри­те. Из­вес­но­ста на по­ра­зот ќе зна­чи и де­ка не­кој ќе тре­ба да по­не­се од­го­вор­ност или, во пре­вод, ќе мо­ра да да­де оста­вка. То­гаш ста­пу­ва­ат на сце­на и ин­сти­ту­ци­и­те, за кои ве­ќе не­ма да би­де­те ли­дер на опо­зи­ци­ја. Ток­му за­тоа, ло­ги­ка­та на „црп­на­ти­от“ спа­си­тел би би­ла сопс­тве­ни­от спас да го по­ба­ра во кан­ди­да­ти со до­бит­ни ме­ста, кои би би­ле соз­да­де­ни спо­ред не­го­ви­от лик и по­тре­би, лу­ѓе што ќе би­дат бла­го­дар­ни за из­бо­рот и кои и на­та­му ќе га­зат и игра­ат за не­го. Пар­ти­ја спо­ред сопс­тве­ни­те по­тре­би, ко­ја се­ко­гаш ќе би­де ту­ка за не­го, кол­ку и да е ви­но­вен. Што би рек­ле – ли­дер­ска ин­ве­сти­ци­ја во ид­ни­на­та. И сло­бо­да­та, не­ли…

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 152. број на неделникот „Република“, 31.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top