| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората трн во око на СДСМ

Опо­зи­ци­ја­та по­втор­но се из­жи­ву­ва врз гла­са­чи­те каз­ну­вај­ќи ги за из­бор­ни­те по­ра­зи. Ако цел­та на СДСМ се де­мо­крат­ски из­бо­ри, то­гаш ни­ка­ко не би тре­ба­ло да ја иск­лу­чу­ва ди­јас­по­ра­та, ко­ја, мо­же­би, нај­до­бро ги жи­вее сво­и­те при­до­би­вки. Но, бор­ба­та на СДСМ про­тив исе­ле­ни­ци­те е ток­му по­ра­ди тоа што го пре­поз­на­ва (не)де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет на по­ра­неш­ни­те ко­му­ни­сти

На пос­лед­ни­те из­бо­ри, по вол­ја и при­ти­сок на СДСМ, гра­ѓа­ни­те што са­каа да го иско­ри­стат сво­е­то гла­сач­ко пра­во во су­ве­ре­на и де­мо­крат­ска Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, др­жа­ва на пра­гот на Европ­ска­та уни­ја и на НАТО, тре­ба­ше да би­дат обе­ле­жу­ва­ни со вид­ли­во ма­сти­ло на пр­стот. Се­га иста­та таа гар­ни­ту­ра на СДСМ оди че­кор по­до­лу во „каз­ну­ва­ње­то“ на сопс­тве­ни­от на­род за сво­и­те пар­ти­ски из­бор­ни не­ус­пе­си.

Овој пат в пре­срет (до­бро, има уште вре­ме, но се­то вре­ме на овој свет, се чи­ни, е ку­со за СДСМ да се под­го­тви ка­ко што при­ле­га за из­бо­ри) на ве­ќе за­ка­жа­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 2016 го­ди­на се пред­ла­га од­на­ро­ду­ва­ње на со­на­род­ни­ци­те, па ду­ри и од­зе­ма­ње­то на су­ве­ре­но­то пра­во на глас на се­кој пол­но­ле­тен гра­ѓа­нин, би­ло тој да са­ка или не да го иско­ри­сти. Пред­ло­гот „се­кој тој што са­ка да гла­са, прет­ход­но да се при­ја­ви“ во­оп­што не е по­и­на­ков од си­сте­мот за те­ле­фон­ско гла­са­ње во раз­ни­те за­бав­ни еми­сии поз­на­ти ка­ко „ва­ши­те 5 ми­ну­ти“. Не­до­сти­га уште со сит­ни бу­кви да е наз­на­че­но „Се­кое при­ја­ву­ва­ње чи­ни ХХ,ХХ де­на­ри + ДДВ“. На сме­тка на опо­зи­ци­ја­та, се­ка­ко.

Во оваа зем­ја на спе­ци­јал­ни де­мо­крат­ски ре­ше­ни­ја за сѐ се за­бо­ра­ва де­ка гла­сот на гра­ѓа­ни­нот не му го да­ва­ат пар­ти­и­те, а уште по­мал­ку тие што го бој­ко­ти­раа ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње за ма­ке­дон­ска су­ве­ре­ност. На­про­тив, гра­ѓа­ни­нот е тој што го до­де­лу­ва сво­јот глас, по сопс­тве­на вол­ја и убе­ду­ва­ње. Ду­ри и не­и­ско­ри­сту­ва­ње­то на гла­сач­ко­то пра­во е став што се­га СДСМ са­ка да го скра­ти. Гра­ѓа­ни­те го има­ат тоа не­о­ту­ѓи­во де­мо­крат­ско пра­во отка­ко се из­бо­ри­ја за не­го со на­пу­шта­ње на ста­ри­от си­стем од кој, ка­ко што се чи­ни, единс­тве­на жи­ва ре­ли­кви­ја оста­на СКМ- ПДП, од­нос­но СДСМ и не­го­ви­те са­те­ли­ти.

 

Ре­ги­стра­ци­ја на гла­са­чи по­стои и се­га се ви­ка увид во из­би­рач­ки спи­сок

До­кол­ку СДСМ сво­и­те по­ра­зи ги оправ­ду­ва со Из­бор­ни­от за­ко­ник или из­би­рач­ки­от спи­сок, не­сфат­ли­во е зо­што по­сто­ја­но е на­со­чен кон ома­ло­ва­жу­ва­ње на не­го­во­то ви­со­чес­тво гла­са­чот, при­тоа сме­тај­ќи ток­му на не­го­ви­от глас? Си­те по­со­чу­ва­ња од нив на сред­би­те што про­из­ле­гоа од ме­ѓу­пар­ти­ски­от до­го­вор се од­не­су­ва­ат на до­пол­ни­тел­но оп­то­ва­ру­ва­ње на гра­ѓа­ни­те, би­ло не­кој да им до­а­ѓа на вра­та, или гла­са­чи­те да одат не­ка­де „да се ре­ги­стри­ра­ат“ ако са­ка­ат да гла­са­ат.

Вто­ри­от на­чин, со при­ја­ву­ва­ње на тие што са­ка­ат да гла­са­ат, без ни­ка­ков сом­неж ќе го пре­тво­ри из­би­рач­ки­от спи­сок во „отво­рен ба­зен“ од ими­ња на пар­ти­ски акти­ви­сти. Ду­ри и „не­ис­пи­ле­ни­те“ по­ли­ти­ча­ри, не се тол­ку на­ив­ни да не зна­ат де­ка ва­кви­от прин­цип отво­ра мно­гу мож­но­сти за ма­ни­пу­ла­ции со при­ти­со­ци врз гра­ѓа­ни­те од ко­ја би­ло по­ли­тич­ка пар­ти­ја.

Проб­лем е и тоа што та­ка би се од­зе­ло пра­во­то на глас на не­о­пре­де­ле­ни­те или, пак, на тие што, ед­но­став­но, би се пре­мис­ли­ле, па би по­са­ка­ле да гла­са­ат ток­му во вре­ме­то на из­бор­ни­от молк. Би­деј­ќи во слу­чај и да се соз­да­ва нов из­би­рач­ки спи­сок, за тоа би мо­ра­ло да има опре­де­лен рок ко­га тој би се за­тво­рил за да мо­же да спро­ве­дат из­бо­ри спо­ред тој спи­сок.

Гле­да­но од друг агол, та­ка би се по­стиг­нал и ефе­ктот што се­га му е трн во око на СДСМ – гла­са­ње­то на ди­јас­по­ра­та. До­кол­ку проб­ле­мот во гла­са­ње­то на ди­јас­по­ра­та е бро­јот на до­би­е­ни гла­со­ви за пра­те­нич­ко ме­сто, што е тоа што би га­ран­ти­ра­ло де­ка со прин­ци­пот на соз­да­ва­ње из­би­рач­ки спи­сок со са­мо­при­ја­ву­ва­ње на тие што би са­ка­ле да гла­са­ат, би се по­стиг­на­ла ре­ал­на број­ка на гла­со­ви, ко­ја би би­ла ви­стин­ски одраз на вол­ја­та на мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни во ед­на од пр­ви­те шест из­бор­ни еди­ни­ци? По­про­сто ка­жа­но, што ако гра­ѓа­ни­те ре­шат да го каз­нат ова пред­ви­де­но по­ни­жу­ва­ње, па не се при­ја­ват ка­ко гла­са­чи и ни­е­ден кан­ди­дат за пра­те­ник не дој­де до 10 ил­ја­ди гла­со­ви, кол­ку што се по­треб­ни за пра­те­нич­ко стол­че? Во таа на­со­ка е и ре­ак­ци­ја­та од Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја, од ка­де што сме­та­ат де­ка на тој на­чин ќе се пре­по­ло­ви из­би­рач­ко­то те­ло и ќе се на­ма­ли ле­ги­тим­но­ста на ин­сти­ту­ци­и­те.
Ток­му за­тоа из­би­рач­ки­от спи­сок е со­ста­вен од си­те пол­но­лет­ни ли­ца што се спо­соб­ни да ја раз­бе­рат по­ли­тич­ка­та по­ну­да. При­тоа не смее да се за­бо­ра­ви де­ка ве­ќе по­стои еден вид са­мо­ре­ги­стра­ци­ја и се ви­ка увид во из­би­рач­ки­от спи­сок.

aktuelno152-2

Ди­јас­по­ра!

Не е не­раз­бир­ли­во зо­што опо­зи­ци­ја­та тол­ку бе­га од ди­јас­по­ра­та. Исе­ле­ни­ци­те сѐ уште се се­ќа­ва­ат на од­но­сот кон нив од тие што со си­те си­ли се­га се про­ти­ват на нив­ни­те гла­со­ви. Не­ги­ра­ње­то на Ма­ке­дон­ци­те од ди­јас­по­ра­та зна­чи рас­чи­сту­ва­ње со тие чи­и­што вр­ски со Ма­ке­до­ни­ја се мно­гу по­чи­сти откол­ку на не­кои што оста­на­ле ту­ка, до­ма, за да ги по­тко­пу­ва­ат те­ме­ли­те на др­жа­ва­та и на сопс­тве­ни­от иден­ти­тет.

До­кол­ку се ана­ли­зи­ра­ат из­ја­ви­те и об­ви­ну­ва­ња­та на опо­зи­ци­ја­та во од­нос на ди­јас­по­ра­та и на исе­лу­ва­ње­то од Ма­ке­до­ни­ја, ва­кво­то ки­не­ње и на пос­лед­на­та ни­шка што ја по­вр­зу­ва ди­рект­но со актив­но­сти­те во др­жа­ва­та е од­но­сот што СДСМ са­ка да го гра­ди на­та­му со неа. Ва­кви­те изб­ли­ци на ин­вен­тив­ност на СДСМ се под­др­жа­ни и од та­ка­на­ре­че­ни гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја ка­ко „Ци­вил“, на при­мер, за чи­ја­што вр­ска со СДСМ е пи­шу­ва­но мно­гу, осо­бе­но за фи­нан­си­ски­те те­ко­ви. Ток­му „Ци­вил“, за­ед­но со не­су­де­ни­от чел­ник на ООН Мер­сел Би­ља­ли и со „раз­бу­де­ни­от“ бо­рец за чо­ве­ко­ви пра­ва под скоп­ско­то Ка­ле Ар­тан Гру­би се најг­лас­ни во ме­ди­у­ми­те про­тив гла­со­ви­те на ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра.
Иде­ја­та за ВМРО ка­ко де­мо­крат­ска пар­ти­ја во су­ве­ре­на Ма­ке­до­ни­ја низ де­це­ни­и­те пред оса­мо­сто­ју­ва­ње­то најм­но­гу се одр­жу­ва­ше во зад­гра­нич­ни­те ко­ми­те­ти. За­тоа ар­гу­мен­тот на СДСМ во из­вор­на фор­ма гла­си: „Па што ќе ни се тие од ди­јас­по­ра­та, и та­ка гла­са­ат са­мо за ВМРО-ДПМНЕ“. А зо­што? За­тоа што го­лем дел од нив се нас­лед­ни­ци на тие што бе­гаа пред не­о­дам­на лу­стри­ра­ни­те вид­ни акти­ви­сти на опо­зи­ци­ја­та. Од дру­га стра­на, ток­му тие, исе­ле­ни­ци­те, ди­рект­но зна­ат ка­ко е се­којд­нев­но да се „кон­су­ми­ра“ де­мо­кра­ти­ја. И ток­му за­тоа, ако се сле­дат нив­ни­те со­оп­ште­ни­ја, нив­на­та на­со­ка на дејс­тву­ва­ње, су­ге­стии и ана­ли­зи, тие лу­ѓе ни­ка­ко не мо­же да се вр­зат со сле­по сле­де­ње на ед­на пар­ти­ја. СДСМ, до­пол­ни­тел­но, со ва­кви­от став кон ди­јас­по­ра­та се не­ги­ра и се­бе­си и об­ви­ну­ва­ња­та за 400 ил­ја­ди „мо­зо­ци што из­бе­га­ле по­ра­ди ре­жи­мот“. Да­ли се­га СДСМ сме­та де­ка тие би се вра­ти­ле да гла­са­ат про­тив ВМРО-ДПМНЕ, или, пак, знае де­ка по­втор­но не­ма да го до­бие нив­ни­от глас.

Ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра де­нес е мно­гу по­и­на­ква од тоа ка­ко са­ка СДСМ да ја прет­ста­ви. Тоа се уг­лед­ни гра­ѓа­ни, кои са­ка­ат да ги одр­жат вр­ски­те со Ма­ке­до­ни­ја, а тоа да не би­де са­мо со „ди­рект­ни до­та­ции“, ту­ку и со актив­но учес­тво во раз­во­јот на др­жа­ва­та. Бро­јот на исе­ле­ни­ци што ќе го ко­ри­стат пра­во­то на глас ќе рас­те низ го­ди­ни­те, но са­мо ако нив­ни­те гла­со­ви би­дат при­фа­те­ни од тој ас­пект – нив­ни искрен при­до­нес.

По­ра­ди тоа ре­а­ги­раа Обе­ди­не­та­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра и Ма­ке­дон­ски­от со­јуз од Швед­ска, кои ука­жаа де­ка не са­мо што не тре­ба да се уки­не гла­са­ње­то на ди­јас­по­ра­та, ту­ку тре­ба и да се уна­пре­ди. Има мо­де­ли за тоа, на при­мер со еле­ктрон­ско гла­са­ње. Са­мо што се чи­ни де­ка ду­ри во та­ков слу­чај тие што по­сто­ја­но се жа­лат на не­ре­гу­лар­но­сти, ќе го ос­по­рат и овој мо­дел на гла­са­ње.

Сѐ на сѐ, СДСМ во це­лост ус­пеа да го де­вал­ви­ра, уни­шти и срам­ни со зем­ја еден од глав­ни­те стол­бо­ви на де­мо­кра­ти­ја­та во су­ве­ре­на Ма­ке­до­ни­ја – Со­бра­ни­е­то, со при­ти­со­ци­те по­ли­тич­ки­те ре­ше­ни­ја да се до­не­су­ва­ат на ли­дер­ски сред­би, да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста. Кон­ти­ну­и­ра­ни­те на­па­ди врз су­ве­ре­но­то из­би­рач­ко­то пра­во на гра­ѓа­ни­нот се са­мо оби­ди во це­лост да се сус­пен­ди­ра де­мо­кра­ти­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 152. број на неделникот „Република“, 31.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top