Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој е и член на Координативното тело за справување со последиците од поплавите во Тетовско, денеска, по посетата на Голема Речица и Порој најави ангажирање дополнителна механизација за справување со наносите кал, камења и земја, како и дополнително куче-трагач кое треба да се приклучи по потрагата на исчезнатото шестгодишно девојче во Шипковица.
При посетата на големите наноси од околу 200.00 кубни метри кал, земја и камења, што веќе четврти ден го блокираат регионалниот пат Тетово – Јажинце кај Порој, министерот рече дека веднаш по расчистувањето ќе бидат изградени два моста на Поројска Река со цел да се нормализира сообраќајот во овој дел од регионот.
– Во Касарната во Тетово е префрен и инженерски вод за да почне со градба на два моста во Порој на местото од однесените мостови. Штом се создадат услови да се расчисти коритото на реката, ќе почнат со градбата. Прво ке стават фундаменти и ќе работат постојано. Се надеваме дека мостовите ќе бидат во функција за 5-7 дена- изјави Јолевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?