Во антитерористичката акција „Ќелија“ за апсење припадници на ИСИС, приведени се девет лица, а по 27 се трага, од кои за 20 лица постојат информации дека се уште се наоѓаат на боиштата во Сирија, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Меѓу уапсените е и имамот на Тутунсуз џамијата, кој се смета за еден од идеолозите на групата, а против 35 лица на возраст од 19-49 години ќе биде поднесена кривична пријава за учество во странски војски, паравоени и параполициски формации.
Антитерористичката акција се подготвувала од септември минатата година до минатиот месец, период во кој се прибирани докази.
Утринава извршени се 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга од кои 24 се на домови, а останатите 4 во објекти- интернет кафе, „Фаст нет“, Тутунсуз џамија и две невладини организации, „Искра на милоста“ и „Исламска младина – Сарај“.
Во претресите пронајдени се и запленети голем број на компјутери, сим картички, поголем износ на пари, еден гасен пиштол, боксирачи и друго, кои се предадени на дополнително вештачење.
Како што соопшти министерот Чавков, приведените лица имаат македонски државјанства, но се од различна националност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?