Од оваа недела на американскиот пазар ќе се појави серија современи метални тетоважи наречена „Flash Tatoos“, чиј креативен директор е Бјонсе.
Типично во стилот на аренби дивата, насловите кои тие ги нудат се текстови од нејзини песни, меѓу кои „Single ladies“.
Овој тип тетоважи се исклучително актуелни ова лето и многу убаво стојат на поцрнета кожа.
Во новата линија можат да бидат забележани слични тетоважи во форма на ланчиња и синџири, дебели и тенки, како и декоративни и слатки егзотични елементи како фламинго, палмички и пчела.
Погледнете ги тетоважите од новата линија на Бјонсе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.