„Иноватива Груп“ и оваа година го најавува фестивалот „Слободна зона“ (Free Zone Festival), кој ќе се одржи под мостот близнаци, на кејот во Општина Аеродром.
„Слободна зона“ ќе се одржи на 29 август, сабота, со збогатена и проширена програма со артисти од САД, Куба, од Eвропа и Балканот. Годинава фестивалот е жанровски поделен на хип-хоп, реге и денс музика.
Настапуваат: Truth Hurts ( САД ), Gramophonedzie ( Србија ), Julijana ( Куба ), Jahmmi Youth ( Бугарија ), DJ Makeey ( Австрија ), DJ Djantrix ( Македонија ), а листата ќе биде дополнета со уште диџеи од Македонија, Европа и Балканот.
Фестивалот е од јавен карактер, отворен за сите посетители и без влезна карта. Со почеток од 21:00 часот, публиката ќе има повторно можност да се забавува се’ до раните утрински часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.