| четврток, 6 декември 2018 |

Девет лица приведени во антитерористичката акција на МВР, по 27 се трага

Во антитерористичката акција на МВР за апсење припадници на ИСИС, девет лица се уапсени, а по уште 27 се трага.

policija

Според неофицијалните информации, од 27 лица по кои МВР сè уште трага, 20 се на боиштата во Сирија.

Во полициската акција рано утрово беа приведени повеќе лица, кои беа изведени пред истражен судија, а меѓу уапсените е и имамот на Тутунсуз џамија и на Јајапшината џамија, Реџеп Мемиши.

Од МВР ја потврдија акцијата, но повеќе детали најавија за во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top