| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тутунсуз џамијата остана само знамето на ИСИС (фото)

По антитерористичката акција на МВР за апсење на припадници на ИСИС претпладнето е мирно во Тутунсуз џамијата. Оваа џамија беше едно од местата каде што полицијата упадна во потрага по осомничени и докази. По претресот во џамијата остана речиси празна со едно знаме во црна боја на кое се испишани арапски букви. Исто вакво знаме користат борците на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Tutunsuz ddzamija (16) (Custom)

Мирно беше и во околината на џамијата иако се чувствуваше напнатоста и вознемиреноста на локалното население. Тие иако не беа многу расположени за разговор, откриваат дека во џамијата веќе извесно време се собирале сомнителни лица.

Tutunsuz ddzamija (14) (Custom)

Според засега неофицијални информации во полициската акција се приведени повеќе лица, кои се изведени пред истражен судија. Од полицијата ја потврдија акцијата, но повеќе детали најавија за во текот на денот.

Tutunsuz ddzamija (8) (Custom) Tutunsuz ddzamija (4) (Custom) Tutunsuz ddzamija (12) (Custom) Tutunsuz ddzamija (17) (Custom) Tutunsuz ddzamija (5) (Custom) Tutunsuz ddzamija (9) (Custom) Tutunsuz ddzamija (1) (Custom) Tutunsuz ddzamija (13) (Custom) Tutunsuz ddzamija (10) (Custom) Tutunsuz ddzamija (2) (Custom) Tutunsuz ddzamija (6) (Custom) Tutunsuz ddzamija (14) (Custom) Tutunsuz ddzamija (15) (Custom) Tutunsuz ddzamija (7) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top