Аргентинскиот гигант Ривер Плата е новиот шампион на Јужна Америка откако во реваншот од финалето на Копа Либертадорес на домашен терен славеше убедливо со 3-0 против мексиканскиот тим Тигрес.
Првиот меч на теренот на мексиканците заврши без голови 0-0, па фудбалерите на Ривер Плата тоа знаеја да го искористат и на свој терен на славниот „Монументал“ лесно го надиграа противникот.
Стрелец на два гола беше Карлос Санчез додека третиот беше дело на Мори.
Ова е вкупно трет трофеј на Ривер во Копа Либертадорес, прв по 1996 година, со што аргентинскиот клуб се избори за настап на клупскиот мундијал што ќе се одржи на крајот од оваа година.
River Plate 3-0 Tigres ~ [Copa Libertadores… by Goals-Highlights
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)