Дресот со број „10“ во Јувентус го носеле големи мајстори на фудбалот. По Алесандро Дел Пјеро имаше предлог тој дрес да биде повлечен, но му беше доделен на Карлос Тевез. Од денеска тој има нов сопственик, Пол Погба се очекува да е новиот лидер на тимот.
Низ славната историја на најтрофејниот италијански тим „десетката“ ја носеа Сивори, Платини, Баџо, а подоцна ја наследи легендарниот Дел Пјеро.
Кога тој го напушти тимот беше против дресот со број „10“ да биде повлечен од едноставна причина дека тоа треба да биде инспирација за новиот лидер на тимот.
Погба веќе в сабота ќе истрча на теренот во Суперкупот на Италија против Лацио со дресот со број десет, па ќе се види каква ќе биде реакцијата на навивачите. Французинот е миленик на публиката во Торино, но се очекува следото лето тој да биде продаден и по само една сезона да се бара нов лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.