Вардар и Ренова забележаа победи на премиерата од 22. коло во домашното фудбалско првенство, а двете екипи постигнаа по 3 гола против Работнички, односно Брегалница. Ренова со 3-1 беше подобра од „романтичарите“ од Дебар Маало кои го претрпеа првиот пораз во пролетниот дел од шампионатот. Силјановски, Ристов и Гафури погодија за уверливо 3 гола предност за гипсарите од село Џепчиште. Поразот го ублажи Ступиќ на 15 минути до крајот на натпреварот.
Вардар лесно ја победи Брегалница во ноќниот термин од 19 часот на „Филип втори“ арена во Скопје. Уште по првиот дел беше јасно дека шампионот ќе ги освои бодовите. Вајс го отвори резултатот по 18 минути игра, а Игор Стојанов со автогол им донесе предност од 2-0 на домаќините. Аце Стојков во вториот дел со 4 погодок во пролетниот дел го постави конечниот резултат, 3-0 за Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“