| четврток, 6 декември 2018 |

Двата терористички напади во Тунис се поврзани

Волтон чии специјалци учествуваат во истрагата по терористичкиот напад во Сус, помагајќи им на туниските власти, рече дека полицијата располага со „силни докази„ за поврзаноста на двата напади, извршени во период од три месеци, но одби да даде повеќе детали за своето тврдење.

Туниските истражни власти, претходно изјавија дека се сомневаат во поврзаноста на нападите во Тнис и во Сус, откривајќи дека напаѓачот на хотелската плажа, идентификауван како туниски студент, Селфедин Резгум, бил обучуван за тероризам во истиот камп во Либија, како и двајцата напаѓачи од музејот Бардо.

Во првиот напад, извршен во угледниот туниски музеј, на 18 март годинава. беа убени 22 лица, најголем број странски туристи, од Велика Британија, Јапонија, Франција, Италија и Колумбија кои беа на крстосување со брод по Медитеранот.

Вториот напад, врз плажата на елитен хотел во Сус, беше извршен на 26 јуни и во него беа убиени 38 странски туристи, од кои 30 Британци.

Милитантната исламистичка група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за двата напади врз странските гости во Тунис.

Во врска со нападот во Сус, туниската полиција уапси 150 лица.

Од нив, 15 веќе се обвинети за вклученост во терористички заговор, за неинформирање на полицијата, како и за давање логистичка подршка на терористите, но нивното судење не се очекува во следните 18 месеци.

Туниските безбедносни сили веруваат дека вооружениот напаѓач Резгум, дошол на плажата во Сус од море, веројатно со глисер, или со џет-скии. Веднаш почнал да пука по гостите кои се сончале, а потоа се обидел да побегне низ хотелот, каде бил пресретнат од полицијата и ликвидиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top