| четврток, 6 декември 2018 |

Награда од пет милиони долари за фаќање на мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман

Американската Влада вети награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до фаќање на избеганиот затвореник, мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман, пренесоа светските агенции.

gudsman-500

Американските власти сметаат дека Гусман сè уште е во Мексико и веројатно се крие во својата родна држава Синалоа.

Американски федерални агенти работат заедно со мексиканските власти на неговото фаќање.

Гусман минатиот месец избега од еден од најобезбедуваните затвори во Мексико, преку тунел, долг речиси 1,5 километар, и ископан точно од под неговата ќелија.

Мексиканските власти, исто така ветија награда од 3,8 милиони долари за фаќањето на наркобаронот, чиешто богатство се проценува на приближно една милијарда долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top