| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на МВР за апсење припадници на ИСИС

policija-2

Македонската полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИС во земјава.

Според првичните информации, акцијата е насочена и против лица што учествувале во врбување  македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и во Куманово се уапсени неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и на други локации.

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје, која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден, по завршувањето на големата акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top