| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар напорно се подготвува во Крањска Гора (фотогалерија)

vardar 2

Македонскиот шампион РК Вардар минатата недела ги започна подготовките за новата напорна сезона. Директорот на клубот Давор Стојаноски ја презентираше програмата за подготовките и напомена дека „црвено-црните“ ќе се подготват за напорната сезона и ќе одиграат два силни турнира.
Подготовките започнаа во Скопје, а потоа целиот тим замина за Крањска Гора каде ќе се работи на физичката подготвеност на играчите. Сите ракометари се присутни и немаат некои посеризони здравствени проблеми.

Таму секојдневно се работи на „набивање“ на кондицијата по неколку саати, а освен тоа ракометарите остатокот од денот го поминуваат во теретана и во сала.

фото: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top