Иако вчера го обвини својот противкандидат Сокол Митровски дека со закани и поткуп освојува гласови, сепак овие фотографии кои проциркулираа во јавноста јасно покажуваат дека кандидатот на „Сојузот за иднината“ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски игра валкано во кампањата.
По тесниот прв круг во Ѓорче Петров, на 7-ми април е втората трка меѓу кандидатот на владејачката коалиција и актуелен градоначалник Сокол Митровски, и Александар Наумовски, кандидат на СДСМ од опозициската коалиција.
Наумовски, вчера го обвини Митровски за поткуп, но на овие фотографии се гледа како дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг, твдрди телевизија Сител на вечерашниот Дневник во 19 часот.
Во првиот имаше тесна трка меѓу Митровски и Наумовски, која ја доби кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Митровски доби 11,316 гласа или 46,78 отсто, додека Наумовски 10,720 гласа, односно 44,31 отсто од вкупниот број на гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.