| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесет жртви во автобуска несреќа на рускиот Далечен исток

русија

Шестнаесет лица денеска загинаа во судир меѓу два меѓуградски автобуса во рускиот далекуисточен Хабаровски регион.

Меѓу жртвите има и едно дете, информира регионалната полиција, цитирана од ТАСС.

За време на судирот, што се случил на  автопатот меѓу Хабаровск и Комсомолск на Амур, со двата автобуса патувале вкупно 72 лица – патници и двајцата возачи. Во болници е пренесено 21 лице, од кои шестмина се наоѓаат во исклучително тешка состојба.

Според извор од полицијата, во хаварисаните возила останале приближно 40 настрадани и спасувачите во моментов се обидуваат да ги извадат од нив.

Според првичните податоци, возачот на едниот автобус навлегол на спротивната коловозна лента. И двајцата возачи се преживеани. Утврдено е дека тие немале користено алкохол, додаде локалната  управа на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top