Црвениот крст на Австрија денеска донираше преку 14.000 евра во електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар. Донацијата е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар Скопје и Клиничката болница Тетово.
– Донацијата ќе се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Списокот на болниците е веќе направен, но дополнително ќе се утврди кои од нив, општи и клинички, ќе добијат донација. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел – подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто – изјави ресорниот заменик-министер Јовица Андовски.
Во изминатите четири години Црвениот крст на Австрија обезбеди 300 болнички кревети за македонските здравствени установи.
– Денешната донација е потврда за улогата на Црвениот крст во општеството, неговото партнерство со државата, општествено-одговорното однесување и грижата за доброто функционирање на здравствениот систем – истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Што вели хороскопот: Кој знак е најдобар во кревет?