| четврток, 6 декември 2018 |

Баер најде аспирин за Фортуна (видео)

Фаворитите Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, славеа победи во 27. коло од Бундеслигата, нагости, и останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Популарните „милионери“ од Дортмунд со головите на полското дуо Пишчек и Левандовски триумфираа против Штутгарт со 2-1.

szólj hozzá: Stuttgart 1-2 Borussia Dortmund
Уште поубедливи беа „фармацевтите“ од Леверкузен кои ја декласираа Фортуна во Дизелдорф со 4-1. По два гола дадоа Кислинг и Ширле.

Единствениот македонски интернационалец во силната Бундеслига, Николче Новески одигра цел меч за Мајнц кој ремизираше 1-1 против Вердер. Во тек е дуелот Баерн – Хамбургер, а колот завршува утре со дуелите меѓу Волфсбург и Нирнберг, односно Гројтер со Ајнтрахт.

Резултати: Штутгарт – Борусија Д. 1-2, Фортуна – Баер 1-4, Мајнц – Вердер 1-1, Аугсбург – Хановер 0-2, Фрајбург – Борусија М., 2-0, Шалке – Хофенхајм 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top