| четврток, 6 декември 2018 |

Како да режил Хичкок, Динамо Загреб во прекрасен меч го елиминира Молде

Динамо Загреб и Молде одиграа феноменален реванш меч за пласман во плеј-оф рундата за настап во Лигата на шампионите, а по многу возбудувања и пресврти хрватскиот првак стаса на чекор од нов настап во ЛШ.

Во Загреб беше 1-1, а реваншот почна со пенал утка на Камара за Молде во осмата минута. Потоа следуваше петминутно шоу на „модрите“ од Загреб кои постигнаа 3 гола во периодот од 17. до 22. минуа. Пјаца, македонскиот репрезентативец Адеми и Рог беа стрелци за навидум недостижна предност на гостите од Загреб од 3-0.

Хусаин конечно погоди и за Молде во 43. минута, а во судисокото продолжение од првиот дел нов пенал за норвешкиот шампион и нова утка од белата точка. Како да режил Хичкок, меч кој не се препорачува за луѓе со слабо срце, а овојпат пеналот го промаши Синг.

molde

Во 52. минута судијата досуди трет пенал за Молде, а овојпат конечно прецизен беше Елјонуси за 2-3. На дваесетина минути до крајот Молде остана со играч помалку, но и покарј тоа Камара во 75. минута погоди за израмнување на 3-3. Нокаут натпревар на кој останаа 15 минути надеж за домаќините да постигнат уште еден гол и да одат понатаму и трепет за гостите да не си дозволат луксуз да прокоцкаат позитива од 3 гола во реваншот. Динамо сепак издржа и оди понатаму заедно со Рапид Виена, екипа што го елиминира Ајакс со победа од 3-2 во Амстердам по нерешени 2-2 на домашен терен и со АПОЕЛ и Монако. АПОЕЛ загуби во реваншот од Митјиланд со 0-1, но се најде во плејофот по победата на гостински терен со 2-1, додека Монако со две победи, 3-1 и 4-0 рутински го елиминира Јанг Бојс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top