| четврток, 6 декември 2018 |

Милетиќ: Да се организира парламентарна група која нема да биде под диктат на СДСМ

dragisa miletic
Важно е да се организира парламентарна група која нема да биде под диктат на СДСМ, смета лидерот на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ, кој е дел од Сојузот за иднината.
Во интервју за порталот Прес 24 оценува дека во Парламентот опозицијата треба да дејствува организирано и да ги отвара прашањата од суштинско значење и интерес за граѓаните.
“Многу поважно од тоа дали ќе бидам независен пратеник е прашањето како да се организира парламентарна група на пратеници кои не сакаат да бидат под постојан диктат на СДСМ. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време“ – вели Милетиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top