| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно лице се води за исчезнато во Tетовско

Шеесет и едногодишниот маж Р.Ј. од тетовското село Лисец од утрово се води како исчезнат по вчерашните катастрофални поплави кои ги зафатија Тетово и Тетовско. Сѐ уште се трага по девојчето на возраст од околу шест години.

tetovo-4_thumb_medium500_375

Од МВР потврдуваат дека  по вчерашното невреме проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, досега животот го загубија четири лица.

Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и половина година од с. Шипковица.

Безживотните тела на  Хашим Ф, А.М. и на детето на возраст од една и половина година се пронајдени во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете е пронајдено во Голема Речица.

Во вчерашното невреме, со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив се задржани во тетовската клиничка болница за натамошно испитување, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.

Оштетени се повеќе објекти и автомобили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top