Полициските екипи преземаат мерки за пронаоѓање на три лица кои во текот на вчерашниот ден биле пријавени за исчезнати.
Б.П. (73) од село Црешево, Скопско, пријавил дека на 4 месецов во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.П. (35).
Вчера утрината С.Р. (74) од Тетово пријавил дека на 3 август околу 10 часот од дома излегла неговата сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон.
Третиот случај е пријавен вчера вечерта од страна на З.Р. (54) од Скопје. Тој пријавил дека претходниот ден околу 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.А. (28).
Четвртиот случај е за лице од Кавадарци, кого го пријавил за исчезнато неговиот брат К.Н. (38) од с. Сопот. На 8 август С.Н .(36) од с. Сопот излегол од дома во 11.00 часот и се упатил во непознат правец. Последен пат бил виден во автобус за Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.