| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средба на месниот кризен штаб во Шипковица (видео)

gggruevskiiii
Премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово откако градот беше погоден од силно невреме со катастрофални последици.

Тој направи увид на терен, разговараше со надлежните и граѓаните, ги посети повредените и изрази сочувство на семејствата на загинатите. Во ваква состојба која беше претешка за сите, премиерот беше меѓу граѓаните, се пробиваше меѓу тешко достапните предели, бараше секаква можност да помогне.

Груевски ги рагледа огромните штети од невремето. Направи увид на оштетените куќи и на инфраструктурата во придружба на жителите. Посетата ја започна во најпогоденото село, каде имаше разговор со повеќе групи на граѓани.

Во месната заедница Шипковица премиерот одржа состанок со кризниот штаб каде вети дека Владата ќе превземе се што е во нејзина моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top