| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО: Во најтешките моменти Груевски на терен меѓу граѓаните

Премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово откако градот беше погоден од силно невреме со катастрофални последици. Тој направи увид на терен, разговараше со надлежните и граѓаните, ги посети повредените и изрази сочувство на семејствата на загинатите. Во ваква состојба која беше претешка за сите, премиерот беше меѓу граѓаните, се пробиваше меѓу тешко достапните предели, бараше секаква можност да помогне.

Груевски ги рагледа огромните штети од невремето. Направи увид на оштетените куќи и на инфраструктурата во придружба на жителите. Посетата ја започна во најпогоденото село, каде имаше разговор со повеќе групи на граѓани.

gruevskidedoo

Македонскиот премиер присуствуваше на состанокот на кризниот штаб каде се договараа за следните мерки на помош. Состанокот се одржа во една локална продавница, а поради дефектот со струјата, кризниот штаб се состана под свеќи.

-Веднаш штом се раздени ќе дојдат екипи на ЕВН да работат и веднаш ќе дојде и поголема механизација. За струја, вода и расчистување. Лекови веднаш ќе стигнат, им вети на граѓаните.

Груевски ги посети повредените кои беа згрижени во тетовската болница.

soitnapomos

Потоа разговараше со лекарскиот тим за да се информира за нивната здравствена состојба, пред комбе на Итната медицинска помош, додека лекарите пружаа помош во комбето на еден од повредените.

gruevski-tatko

Премиерот го посети семејството кое во катастрофалното невреме изгуби две дечиња. Тој отиде во нивната куќа да изрази длабоко сочувство, со таткото и дедото на жртвите ја споделија тагата во нивната куќа. Им вети дека ќе ги вложи сите напори и дека ова семејство може да смета на секаква помош од Владата.

gruevskidedoo

Груевски учествуваше и во работата на кризниот штаб во општина Тетово.

teuraaa

Селаните го информираа дека има околу 50-тина уништени домови. На локациите увид направи лично.

– Се што е во наша моќ, како Влада веќе е превземено. И во Речица каде бев на терен. Бев и во болницата, разговарав со еден од повредените кој што е таму. Овде е катастрофа, многу е лошо. Не има најдено голема несреќа. Се што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. Во текот на ноќта може малку работи да се направат. Дали цените дека треба војска да се прати? Ако мислите, министерот за одбрана е овде можеме да организираме уште сабајле ќе дојдат, рече премиерот синоќа пред граѓаните.

 

krizennn

Граѓаните скршени од несреќата најдоа утеха во најавата за мерки кои ќе се превземат. Тие разговараа со Груевски и неговиот тим и искажаа благодарност и задоволство од неговото присуство во тие тешки услови. Во една тешка атмосфера емоциите ги надвладеаја жителите кои се заблагодарија за чекорите кои итно ги превзема премиерот, кои топло го примија и известија за се низ што поминале во природната катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top