| четврток, 6 декември 2018 |

Глечерите незапирливо се топат

Последниве години, топењето на глечерите достигна историско ниво. Затоплувањето на климата се разбира е една од причините, но последните испитувања објавени во научната ревија „Д Џурнал оф Гласиолоџи“ „(The Journal of Glaciology), покажува дека топењето на глечерите продолжува и во случај на пауза во глобалното затоплување, пренесува МИА.

Natural dyke

Екипата која е задолжена да ги следи глечерите на светско ниво со седиште во Цирих, по собирањето на податоците на теренот, користењето на сателитски снимки и споредувајќи ги со постарите резултати, покажува дека глечерите се топат просечно од 50 сантиметри до еден метар годишно, што претставува два до три пати повеќе во споредба со проучените резултати забележани во 20-от век.

Студијата се однесува на стотина глечери во светот, но од сателитските снимки се гледа дека феноменто се однесува на речиси сите глечери, вели директорот на светската служба за следење на глечерите Мишел Земп.

Резултатот од ова испитување доведува до заклучокот дека ритмот на топењето на глечерите во последните дваесет години го промени нивното функционирање, односно тие ќе продолжат и понатаму да се топат, па и во случај ако климата стане постудена.

Обвивката од „вечниот мраз“ која е се помалку раширена и потенка, нема доволно подлога за да ја зачува ниската температура и со тоа глечерите се осудени да се топат со забрзан ритам.

Рекородот на топењето на глечерите кој беше забележан во 1998 година, беше надминат во 2003м 2006 и 2013 година и најверојатно и во 2014.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top