| четврток, 6 декември 2018 |

Нов рекорд на Анастасија Богдановски

ana

Анастасија Богдановски имаше солиден настап на светското првенство во Казањ, поставувајќи нов државен рекорд во дисциплината 200 метри слободно. Македонската репрезентативка ја мина делницата за време од 2:01.28 минути, со што го урна сопствениот рекорд од 2:01.92 минути, поставен минатата година во Сент Мери.

Богдановски беше дел од третата квалификациска трка во својата дисциплина и го освои второто место. Во финишот побрза од неа беше Ана Коларова од Чешка.

Со овој резултат Богдановски ја потврди и Б нормата за настап на Олимписките Игри што ќе се одржат следната година во Рио де Жанеиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top