| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на жртвите од невремето во Тетово

Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.

tetovo-1_thumb_medium500_281 (1)

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица, пренесе МИА.

– Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив сè уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома – рече Јосифовски.

Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети… Сè уште се пријавуваат штети на куќи и на објекти однесени од свлекувањето земја.

Како што информира полицијата, и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште е однесен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top