Сто деведесет и трите држави членки на ОН се договорија за новиот дневен ред за развој на светот во следните 15 години, со кој се повикува на завршување со сиромаштијата и гладта, постигнување еднаквост меѓу половите, подобрување на животниот стандард и преземање итни активности за борба со климатските промени, пренесоа американските медиуми.
Предлог договорот, што беше постигнат синоќа, бележи 17 цели со 169 очекувања за конкретни резултати за прашањата, што варираат од искоренување на сиромаштијата „во сите нејзини форми насекаде“ до гарантирање на квалитетот на образованието, а, исто така, и на достапни и надежни енергетски испораки и зачувување на животната средина.
Документот со наслов „Дневен ред за оддржлив развој 2030“ ќе биде донесен на средбата на врвот на ОН пред годишната средба на светските лидери во рамки на Генералното собрание на ОН, на крајот на септември.
Генералниот секретар на организацијата, Бан Ки-мун, изјави дека планот „има за цел да ги гарантира мирот и благосостојбата, како и посуштинското – да создаде добро сожителство меѓу луѓето и планетата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија