| четврток, 6 декември 2018 |

Aко порано се дознаеше оваа тајна на Путин, тој не би бил претседател

aufmacher-02-longform-1280x720

Германскиот неделник „Цајт” објави текст за мистериозните девет години од раното детство на Владимир Путин, претеседателот на Русија, за кои некои веруваат дека сегашниот шеф на Кремљ ги поминал во Грузија, а не во Русија. Тие веруваат дека кога Путин подоцна дошол на чело на домашната безбедносна служба ја променил својата животна приказна и го негирал постоењето на неговата биолошка мајка, за да си обезбеди побрз подем кон власта и за време на неговата прва изборна кампања во Русија да не биде претставен како вонбрачно дете кое пораснало во Грузија. Ова е приказна за луѓето кои ги дале своите животи или ги довеле во опасност за да ја обелоденат наводно најголемата тајна на рускиот претседател.

„Цајт“ пишува дека ако тие приказни се точни и ако биле порано претставени во јавноста, Путин можеби никогаш не би станал руски претседател и тоа можеби би го променило текот на светската историја. Германскиот неделник наведува клучни датуми во животната приказна на Путин.

  1. Уривањето на авионот, март 2000, Москва
648567_1_hf

Зија Бажајев

 

Првиот аргумент се однесува на периодот 17 дена пред претседателските избори во Русија кога на 9 март 2000 година на московскиот аеродром „Шереметјево“ се среќаваат Зија Бажајев, Чеченец, кој бил на чело на руската нафтена компанија „Алијанс груп“ и Артјом Боровик, руски новинар кој известувал од фронтот за време на советско-авганистанската војна и подоцна отвори истражувачки магазини кои ја критикуваа власта во Москва.

Путин во тоа време беше привремен претседател по повлекувањето на Борис Елцин и неколку месеци претходно испрати руски трупи во Втората чеченска војна.

И Бажајев и Боровик имале по 39 години и планирале со авион да појдат во Тбилиси, престојнината на Грузија, со авион што го изнајмил Бажајев. Во Тбилиси тргнале по покана од Чеченецот Рустам Даудов кој побарал да дојдат за да им покаже видео снимка кој според него ќе го спречела Путин да победи на изборите, ако Боровик ја објави веста.

648568_2_hf

Артјом Боровик

 

Авионот се урна по полетувањето само на 50 метри височина, а настрадаа Бажајев, Боровик, телохранителите и жленовите на екипажот. Таткото на Боровик ја обвини руската тајна служба за убиство.

Во Тбилиси Даудов ги гледал вестите во кои се соопштило за падот на авионот, а на масата се уште ја имал видео снимката која сакал да им ја покаже на двајцата што загинаа.

  1. Загубениот син, јануари 2000, Метечи

Околу два месеца пред уривањето на авионот, човекот кој се претставувал дека е од грузиската тајна слуќба влегол во канцеларијата кај Даудов. Му рекол дека знае оти Даудов е поврзан со чеченското движење за независност и му ставил фотографија на маса. На фотографијата била една старица за која му рекол дека е вистинската мајка на Путин.

Побарал Даудов од Чеченија да обезбеди половина милион долари во готовина, а тој за возврат Ѓе ја грабне старицата и ќе им ја предаде на Чеченците. СО закана дека ќе му ја убијат мајката, Чеченците би можеле да го уценат Путин и да го натераат да ги прекине воените акции.

Даудов тогаш имал 39 години и искуство од Првата чеченска војна на чијшто крај руските сили со ракета го убија Џохар Дудајев, сепаратистичкиот водач кого „Цајт“ го претставува како чеченски претседател, а им успеало следејќи го сигналот од неговиот мобилен телефон. Даудов пушел цигара на само неколку метри од местото на атентатот и оттогаш станал многу претпазлив и во секого гледал шпион.

Не се договорил со Грузиецот, но следните денови се распрашал за тоа што му го кажал разузнавачот. Не му требало многу време и напор со помош на грузиските новинари да го најде местото каде живеела жената која тврдела дека му е мајка на Путин.

Во јануари 2000 година Даудов со комби заминал во селото Метечи, на околу 60 километри од Тбилиси. Со себе земал видео-камера, брашно, шеќер и конзервирано месо како подарок за старицата.

Вера Путина имала 73 години и била ситна жена која секогаш носела шамија кога излегувала од дома. Даудов и се претставил и и рекол дека е дојден поради приказната за Путин.

-Убедена сум дека тој е мојот Вова, рекла старицата додека Даудов ја вклучувал камерата.

Кажала дека е родена на 6 септември 1926 година близу градчето Очјор во подножјето на Урал. Завршила училиште за механичар на земјоделски машини и на подоцнежната практична работа го запознала Платон Привалов, се вљубила и останала бремена. Дури тогаш открила дека Привалов е оженет, па се разделиле а таа заминала кај родителите.

Детето се родило на 7 октомври 1950 година во нејзиното родно место, го нарекла Владимир и никогаш не му го кажала името на татко му. Кога Вова имал само две години морала да отпатува во Ташкент и планирала синот да го остави на неколку недели кај нејзините родители. Во Ташкент го запознала Грузиецот Георгиј Осепашвили со кого подоцна заминала во селото Метечи во Грузија каде и се венчале. Го донела и вонбрачниот син против кого, на почетокот, новиот сопруг немал ништо против.

Но, подоцна почнале расправии околу Вова, кога сопружниците во меѓувреме добиле ќерка и живееле во сиромаштија. Сестрата на Осепашвили еднаш дури и го земала Вова и му го дала на туѓинец, мајор кој нема деца. Кога мајката го пронашла синот, одлучила дека мора да го одведе кај нејзините родители.

Но, детето ни таму не можело да остане долго затоа што старците биле болни.

-Моите родители го дадоа Вова во старателско семејство. Имаше околу девет години, вели Путина и додава дека оттигаш постојано има чувство на вина, но вели дека немала избор.

Тоа е приказната која Даудов ја забележал за време на првата посета, но потоа во селото се враќал уште неколкупати. Вера му раскажувала дека старателите Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна Путина биле двојка која немала свои деца, а биле во далечно сродство со нејзините родители.

648569_1_ff

Тоа се луѓето кои потоа со Владимир се преселиле во тогашен Ленинград, сегашен Санкт Петерсбург, и кои рускиот претседател ги нарекувал родители. Вера тврди дека таму на Владимир му го промениле изводот од книгата на родени и напишале дека е роден на 7 октомври 1952 година.

Даудов во Метечи разговарал со неколкумина луѓе кои се уште добро се сеќавале на Вова. Еден од неговите другари од училиште сега е директор на селското училиште. Даудов од старицата побарал некаков доказ, но таа му кажала дека луѓето до КГБ ги одзеле сите стари семејни фотографии и ја предупредиле никому да не му раскажува за Путин.

Осум години подоцна новинарите на бротански „Дејли телеграф“ во блискиот град пронајдоа доказ дека извесен Владимир Путин го посетувал селското училиште во Метечи.

  1. Изборен резултат, март 2000, Истанбул

Во неделите пред претседателските избори во Русија неколку грузиски списанија ја објавија приказната за вистинската мајка на Путин. По смртта на Бажајев и Боровик руските новинари повеќе не доаѓале кај Даудов во Тбилиси. До изборите останале само уште седум дена и Даудов знаел дека тоа е последниот момент да ја пласира приказната.

Ако турскиот конгломерат „Ихлас“, кој поседува неколку ТВ станици и весници го послуша Даудов и ја објави приказната, тој се надевал дека руските медиуми ќе ја пренесат. Приказната се објавува во списанието „Туркије“ и подготвен е и филм за емитување на главната ТВ станица на Ихлас. Сепак, штом написот излегол, руската амбасада го контактира медиумот со прашање од каде ја добиле приказната. Емитувањето на телевизијата е стопирано, а во Ихлас на Даудов му порачуваат дека тоа е поради гасоводот.

Путин ги добива изборите.

  1. Убиство, октомври 2000, Тбилиси

По враќањето во Грузија сопругата на Даудов го прашала дали по објавувањето на приказната на Путин во Рурција нивното семејство во три деца е безбедно. Тој ја уверил дека се безбедни и продолжил да бара начин да ја пласира приказната.

648570_1_hf

Антонио Русо

 

Но, светот не го слушал Даудов, а освен тоа неговите контакти од Турција објавија дека тој ширел воена пропаганда во полза на Чеченците. Во октомври еден колега од чеченското рпетставништво во Тбилиси му го открил името на искусниот италијански воен дописник кој известувал од Руанда, Босна и Косово, и кој во тој момент истражувал во Чеченија. Името ан новинарот било Антонио Русо (40) и бил подготвен да ја посети Вера Путина во Грузија.

Русо на 15 октомври го посетил Даудов во канцеларијата и по разговорот за детството на Путин и од Чеченецот ја добил видео-касетата по што си заминал. Следното утро на околу 35 километри од Тбилиси е пронајдено мртвото тело на Русо со врзани раце. Утврдено е дека бил грабнат и потоа прегазен со камион.

„Цајт“ го пренесува тврдењето на неименуван италијански пратеник во Европскиот парламент дека убиецот на Русо точно знаел дека новинарот планирал да ги извести колегите за она што го дознал. Компјутерот, мобилниот телефон и видео касетата на Русо исчезнале од хотелот.

Во истрагата покрај италијанските власти учествувале и двајца грузиски полицајци од кои едниот подоцна се самоубил, а вториот бил отруен.

  1. Училишни денови, септември 1960, Ленинград

-Повеќе знам за семејството на татко му одошто за мајчиното семејство, е првата реченица од автобиографијата на Путин објавена на почетокот од 2000 година.

Во таа книга Путин вели дека родителите никогаш ништо не му кажале за себе, особено татко му кого го нарекувал „молчаливиот човек“.

648579_12_sg

Путин сепак до детали опишува како татко му храбро се борел во Втората светска војна и како дедо му работел како готвач кај Ленин и Сталин.

Описите сепак се детални само во однос на периодот по 1 септември 1960 година кога тргнал на училиште во Ленинград, времето кога според Вера Путина веќе го напуштил Метечи. Кога е објавена автобиографијата, родителите кои Путин ги нарекувал свои веќе биле починати. Вера Гуревич, учителката на Путин, има изјава во таа книга за тоа како мајка му на Володја била многу храбра кога се решила да роди дете на 41 година што инаку било многу необично во тогашниот Советски сојуз.

Германскиот неделник се обидел за овие спорни прашања да добие одговор од официјален Кремљ, но биле упатени да го погледнат сајтот на претседателот Владимир Путин.

На сајтот на Путин има фотографија на мајка со дете, на возраст меѓу шест и осум години, кое изгледа помладо одошто било детето за кое Вера Путина тврдела дека им е дадено на старатели. Ако е фотографијата вистинска, приказната на Путина тогаш не е точна. Сепак, момче со сличен изглед се појавува и на друга непотпишана фотографија на сајтот и би можело да биде едното од двете деца кои им починале на родителите на Путин пред да го добијат него.

Цајт наведува дека точно 10 дена откако испратиле прашања до Кремљ, во магазинот „Руски пионир“ е објавен авторски напис на Путин во кој детално зборува за своите родители, што претходно ретко го правел.

Целата хронологија и анализа погледнете ја овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top