-Општина Центар е нерaзделив дел од градот Скопје,затоа ќе мора да внимаваме кој човек ќе биде на чело на општината. Владимир Тодоровиќ е човек кој знае да прави дела и знае како да ја води општината.
Ова денеска го изјави претседателот на Титовите леви сили, Слободан Угиновски.
Титови леви сили во вториот круг од локалните избори своја поддршка ќе дадат на кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.
Тодоровиќ им се заблагодари за тоа што, како што рече, умеат да препознаат кој знае да прави дела, а исто така им се заблагодари и на граѓаните што му дале поддршка во првиот круг од локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.