| четврток, 6 декември 2018 |

Наоми Кембел осудена на шест месеци затвор

Славната британска топ-моделка Наоми Кемпбел е прогласена за виновна за напад на папарацо кој ја фотографирал неа и нејзиното поранешно момче додека биле на одмор.

Наоми Кемпбел

Наоми Кемпбел

45-годишната манекенка го удрила Гаетано ди Џовани со својата чанта кога ја фотографирал додека се шетала на Липарските острови во близина на Сицилија со рускиот милијардер Владимир Доронин во 2009 година.

Сицилијанскиот суд ја прогласил вчера за виновна и таа Кемпбел добила шест месеци условна затворска казна.

Нападот се случил во август 2009 година кога британската манекенка и нејзиното тогашно момче се вкотвиле на островот и го посетиле локалното гратче, откако неколку дена претходно биле во Сен Тропе.

Манекенката сфатила дека Џовани неколку пати ги снимил додека шетале и го нападнала со својата чанта. Во таа прилика таа му го изгребала окото поради што побарал лекарска помош и три дена закрепнувал.

– Само што почнав да ја фотографирам и не очекував толку насилна реакција – изјавил фотографот во 2013.

Наоми тогаш постигнала спогодба со фотографот и тој ја повлекол тужбата. Сепак, тужителот побарал судењето да се продолжи поради сериозноста на нејзиното обвинување и бидејќи сметал дека тоа е од јавен интерес. Медиумите пишуваат дека Наоми планира да поднесе жалба на пресудата.

Наоми е позната по својот бурен темперамент. Во 1998 година и било наредено да оди на курс за контрола на бесот откако ја нападнала својата лична асистентка со мобилен телефон. Десет години подоцна, во 2008 година признала дека на аеродромот во Лондон нападнала полицаец, со кој се судрила поради изгубениот багаж.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top