Холандските дизајнери на модните додатоци од брендот „Влигер и Вандам“ велат дека станува збор за ироничен дизајн. Меѓутоа, со тоа не би се сложиле полицајците на аеродромот во Бремен.
Жената која неодамна се појавила со нивниот модел на аеродромот во овој германски град, полицијата морала да ја запре поради сомнеж дека носи оружје.
Без оглед на популарноста на овој модел на чанта, веројатно тоа им се случило и на ѕвездите Ријана, Ирина Шајек и Рита Ора кои ја обожуваат оваа чанта и ја популаризираат колекцијата насловена „Ангел чувар“ на познатото холандко модно дуо.
По необичниот инцидент, полицијата во Бремен, била принудена да издаде соопштение со илустрација, со која се предупредуваат патниците да не доаѓаат на нивниот аеродром носејќи ја оваа чанта како рачен багаж.
Еден од потписниците на овој несекојдневен дизајн, Хајн Вадам, вели дека освен што станува збор за чиста иронија, на етикетата на производот пишува дека станува збор за оригинален „Ангел чувар – не го користете во самоодбрана“.
А во продолжение стои :„Оружјето од предната страна на чантата е лажно. За да избегнете проблеми, не ја носете оваа чанта во авион како рачен багаж и не ја носете во банка кога подигнувате пари“.
На крај порачуваат да уживате во оваа чанта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




