| четврток, 6 декември 2018 |

Зимбабве негира: Лавот Џерихо не е убиен

Националниот парк на Зимбабве денеска објави фотографија на лавот Џерихо отфрлувајќи ги извештаите дека животното било убиено од ловокрадци.

dzeriho

 

Џерихо е брат на Сесил, лавот кој беше убиен и предизвика силни реакции ширум светот. Сесил беше убиен од американски ловец на почетокот на минатиот месец во близина на Хванге националниот парк што предизвика повици ловецот да биде екстрадиран во Зимбабве и да се соочи со обвинувања за нелегален лов.

И покрај грижите дека младенчињата на Сесил се во ризик да бидат убиени од ривалите, Џерихо стана херој откако беше јавено дека тој се грижи за младенчињата на Сесил.

Но надежите пропаднаа во вода откако група од Зимбабве вчера објави слики на социјалната мрежа Фејсбук дека Џерихо исто така бил убиен од ловокрадци.

 

Извор: Радио Слободна Европа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top