| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Нуклеарната спогодба со Иран Блискиот исток ќе го направи побезбеден

Mideast Egypt KerryАмериканскиот државен секретар Џон Кери денеска во Каиро, на неговата прва етапа од блискоисточната турнеја, изјави дека спогодбата за иранската нуклеарна програма без сомнение Блискиот исток ќе го направи побезбеден, пренесоа француските медиуми.

Кери изјавата ја даде по средбата со египетскиот колега Самех Шукри.

-Нема никаков сомнеж дека доколку целосно се примени спогодбата од Виена тогаш Египет и целиот регион на Блискиот исток ќе станат побезбедно место од сега и од кога и да било претходно, уверува Кери.

„САД и Египет признаваат дека Иран имаше преземено активности на дестабилизирање на регионот и затоа сега е толку важно да се гарантира дека иранската нуклеарна програма ќе остане целосно мирновременска“, додаде државниот секретар.

Египет и другите земји од регионот, меѓу кои Саудиска Арабија, се сомневаат дека Иран сака да го зголеми своето влијание на Блискиот исток и го обвинуваат дека се меша во внатрешните работи на соседните држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top