Египетската водителка Доа Салах е осудена на три години затвор поради неверојатно обвинение за нарушување на јавниот морал и пристојност.
Имено, Салах во епизода од својата емисија „Maa Dody“, на тема самохрана мајка, ги праша своите гледачи дали размислувале за секс пред бракот и сугерирала дека жената би можела да влезе во брак само за да добие дете и потоа да се разведе.
Осудена е поради идеја која „се заканува на самото ткиво на египетскиот живот“.
Судот во Каиро во пресудата навел дека идеите кои ги изнела во својата „се закануваат на самото ткиво на египетскиот живот“, односно „на единството на египетското семејство“, пренесуваат екипетските медиуми. Сексот пред бракот се смета за табу во оваа длабоко традиционална, мнозински муслиманска земја.
Салах во својата емисија, која ја водела со лажен труднички стомак, сугерирала дека жената може да му плати на мажот за краткотраен брако со цел добивање деца во брак, а ја спореди и ситуација во западните земји, каде вештачкото оплодовување со помош на донатор е дозволена, додека во Белгија е забранета.
Водителката прво била суспендирана од својата телевизиска куќа на три месеци поради емисијата која предизвика бес во конзервативните круго, а потоа е покренато и обвинение.
-Немав намера да ги поттикнувам луѓето на неморални дела во својата емиија, кажа водителката пред судот во своја одбрана. Објасни дека емисијата ја водела како играна серија и дека само го изразила својот став.
Салах мора да плати и казна од 10.000 египетски фунти (430 британски фунти). На пресудата има право на жалба пред таа да стане правосилна. Синдикатот на медиумските професионалци соопшти дека ќе размисли за жалба на пресудата на својата членка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.