Новиот тренер на Милан Синиша Михајловиќ, изјави дека целта на неговиот клуб за оваа сезона е пласман на едно од првите три места во Серија А и пласман во Лигата на шампионите. По добрите резултати во подготвителниот период на пријателските натпревари, пораснаа и апетитите на тимот и на навивачите на „росонерите“.
Покрај досегашните засилувања, Милан со свежиот капитал кој го доби од тајванскиот тајкун Би Таекубол, се очекува до крајот на преодниот рок да донесе уште неколку врвни имиња.
– Досега тоа е позитивно, затоа што почнавме од нула. Се менуваа играчи, а и нашите методи на работа. Не чувствувам воопшто притисок, и пријатно ми е што имам голема одговорност пред себе. Не се плашам да преземам, и да се соочам со одредени предизвици. Живеам за победи. Наша главна цел е да завршиме во првите тр екипи од табелата и да обезбедиме мессто во ЛШ следната сезона. Очекувам уште барем две засилувања, но до крајот на трансфер-периодот може се да се случи – изјави Синиша Михајловиќ.
Тимот од Милано покрај Ромањоли од Рома и Витсел од Зенит, се очекува до врати во тимот и Златан Ибрахимовиќ кој на неколку наврати изјави дека посакува да се врати во Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.