| четврток, 6 декември 2018 |

Колку изнесува просечната плата во Франција?

Просечната месечна заработка во Франција е зголемена за 1,5 отсто и сега изнесува 2.474 евра, покажуваат податоците од Заводот за социјално осигурување.

pariz

Според податоците од Заводот, расте вработеноста во секторот за привремена вработеност. Во оваа категорија вработеноста била во пораст во 2014 година, по две години пад, со нови 15 илјади работни места.

Во индустријата и во градежништвото во 2014 година вработеноста била во опаѓање. Во автомобилската индустрија минатата година дошло до драстично намалување на вработеноста и тоа за 5,2 отсто, со укинување на 11.500 работни места.

Најмногу работни места создал терцијалниот сектор односно услужната дејноста каде што биле вработени уште 47 илјади лица. Терцијалната дејност учестува со 70 отсто во вкупниот број вработени во францускиот приватен сектор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top