Договорот на Пеп Гвардиола со баварскиот гигант Баерн Минхен му истекува оваа сезона. Тој избегнува да зборува за својата иднина и дипломатски одговора на прашањата.
– Не знам дали ќе продолжам со работата во Баерн Минхен. Во овој момент не сакам да зборувам за тоа. Можеби управата на клубот нема да сака да продолжи да работи со мене – дипломатски одговара Гвардиола.
Во меѓувреме арапските медуими го поврзуваат Гвардиола со трансфер во Манчестер Сити. Според нив, работата веќе е договорена и шпанскиот тренер му дал гаранции на Чики Бегиристајн дека од следната сезона ќе седне на клупата на „граѓаните“ од Манчестер.
Сумата која се спомнува е неверојатна. Гвардиола би заработувал по 27 милиони евра по сезона и би потпишал петгодишен договор. Тоа секако ќе биде најголемиот договорот на сите времиња. Досегашниот рекорден договор го држи Фелипе Сколари кој во Узбекистан заработуваше 20 милиони евра по сезона.
Моментално најплатен тренер во светот е Жозе Мурињо со годишна заработувачка од приближно 15 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.