Монако планира да ја прошири својата мала територија со изградба на вештачки полуостров на површина од шест хектари, соопшти во петокот принцот Алберт од Монако.

– После разгледувањето на разни проекти од 2008 година до денес, донесов одлука да го проширам кнежеството и тоа со изградба на вештачки полуостров на источната страна – изјави принцот од Монако.
Монако, кој има површина од само два квадратни километри, стана премногу мал за да ги прими сите богаташи кои доаѓаат за славните казина, како и оние на кои им одговара даночната политика на кнежеството, пишува агенцијата АФП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


